Црвена Звезда ќе остане без „Делии“ на гостувањето во Милано

Италијанските медиуми пишуваат дека полицијата наскоро ќе донесе одлука која нема да им се допадне на „Делии“ пред гостувањето на Црвена Звезда кај Интер.

Причина за забраната за најверните навивачи на српскиот гигант е нивниот лош однос со фановите на Рома, па поради тоа полицијата сака да спречи поголем инцидент.

Натпреварот се игра на 1 октомври од 21.00 часот во Милано.