Во сообраќајка загина фан на Ливерпул пред големото дерби во Милано!

Трагична вест пред големото дерби од Лигата на шампионите меѓу Милан и Ливерпул, навивач на англискиот тим загина во Бергамо откако го прегазил автомобил.

На најинтересниот меч денеска му претходи трагедија, загина фан на Ливерпул.

Според италијанските медиуми, на неколку часа пред натпреварот смртно настрадал навивач на Ливерпул кого го удрил автомобил.

Станува збор за 51-годишен човек кој го загубил животот кога се обидел да помине улица во Бергамо, град пред Милано, на него налетал автомобил.