Двајца тренери се издвојуваат во трката за нов тренер на Милан

Се очекува Милан наскоро да направи промена на тренерската позиција, по дербито против Интер клубот би требало да му врачи отказ на Пауло Фонсека.

Низ медиумите се шпекулира со неколку имиња за негов наследник, а како најсериозни кандидати се посочуваат Един Терзиќ и Маурицио Сари.

Двајцата се без работа во моментов, првиот се раздели со Борусија Дортмунд, а вториот последно работеше во Лацио.

Се споменуваат и други имиња како Алегри и Томас Тухел, но и Дејвид Мојс кој бил понуден на Милан, но клубот веројатно ќе бира меѓу Терзиќ и Сари.