ПИК Сегед за малку до спектакуларен пресврт против Барселона, Магдебург подобар од Колштад

Eкипата на Барселона стигна до втората победа од новата сезона во Лигата на шампионите откако вечерва на свој терен каталонците беа подобри од ПИК Сегед со 31-30.

По првото полувреме Барселона имаше убедливо водство од 20-12, гостите одиграа подобро во вториот дел, но тоа не беше доволно да направат некаков пресврт.

На „минус еден“ Сегед дојде во 58. минута, меѓутоа не успеа и до целосен пресврт или барем реми. Во текот на натпревари Барелона на трипати водеше и со плус девет.
Гомез со пет гола беше најефикасен кај домаќините, додека за ПИК Сегед, Гомез постигна осум гола.

Магдебург немаше проблеми против Клоштад и стигна до сигурна победа од 33-25. Лагергрен со осум голови беше најефикасен, додека Оскарсон запиша пет погодоци.

Во двата натпревари кои се играа претходно Веспрем со 41-28 го совлада ПСЖ, а Спортинг беше подобар од Фредерика со 19-37.