Блесок на Раја: Со неверојатна двојна одбрана го спаси Арсенал (ВИДЕО)

Давид Раја, чуварот на мрежата на Арсенал се истакна во натпреварот против Аталанта со фантастична двојна одбрана.

Раја прво го одбрани ударот од 11 метри на Ретегуи, а потоа и обидот со глава на истиот играч. Посебно е и импресивно како успеа да стигне да интервенира во вториот обид на фудбалерот на италијанскиот тим.