Бенфика победи на „Рајко Митиќ“, Леверкузен го прегази Феенорд (ВИДЕО)

Црвена Звезда не успеа да ја приреди изненадување против португалска Бенфика и претрпе пораз од 0-2 во првото коло од Лигата на шампионите.

Резултатот беше отворен по само девет минути игра кога топката во петерецот стигна до Актуркоглу кој ја смести во празната мрежа. 

По тој гол на Бенфика, Звезда создаде неколку добри прилики, Круниќ имаше еден добар обид, но до изедначување српскиот тим не стигна. По тие пропуштени прилики брзо стигна казната.

окчу на истекот на половина час мајсторски погоди од слободен удар за предност од 0:2.

Во второто полувреме Бенфика со сигурно ја чуваше предноста се до завршницата кога Милсон успеа да го совлада одличниот Трубин. До крајот црвено-белите сепак немаа сили да дојдат барем до бод.

И Леверкузен својата работа против Феенорд ја заврши во првото полувреме, но холандскиот претставник помина полошо од Звезда.

Вриц по пет минути го донесе германскиот шампион во водство, а четири минути подоцна Фејенорд постигна гол преку Зероуки, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.

Леверкузен до крајот со головите на Грималдо, повторно Фриц и автоголот на Веленрхутер дојде до убедливи 0-4. Резултат кој се покажа и како конечен.