Бруклин го повлекува дресот на легендарниот Винс Картер

Бруклин Нетс ќе го повлечат од употреба дресот со број 15 во чест на Винс Картер.

Винс Картер своевремено беше една од најголемите ѕвезди во НБА лигата кога со спектакуларни забивања знаеше да ги воодушеви љубителите на кошарката.

Во Њу Џерси помеѓу Нетси пристигна во 2004 година и дресот со број 15 го носеше се до 2009 година. Заедно со Џејсон Кид е еден од најдобрите играчи во модерната историја на Нетси, а ќе остане запаметен по неговите спектакларни забивања.

Покрај Нетси играше уште за: Торонто, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта.

Церемонијата за повлекување на дресот ќе се одржи на 25 јануаро во „Барклејс“ арената кога Бруклин ќе игра против Мајами.