Барселона во проблеми: Остана со играч помалку, па прими гол (ВИДЕО)

Не започна добро Барселона во натпреварот против Монако кој во 16. минута дојде до предност од 1-0.

Но, не е само голот на Монако проблем за каталонскиот гигант. Пет минути пред клубот од Кнежеството постигне гол за водство, Ерик Гарсија направи старт по една грешка на Тер Штеген за кој заработи директен црвен картон.