Реал Мадрид ги сака Алонсо и Вирц во пакет за следното лето!

Според германскиот весник „Билд“, Реал Мадрид е фаворит за потписот на Флоријан Вирц следното лето, а сака да направи и тренерска промена со Чаби Алонсо на местото од Карло Анчелоти.

Алонсо се поврзуваше со неколку клубови по неверојатниот успех минатата сезона кога ја освои двојната круна во Германија и играше финале во Лига Европа.

Но, шпанскиот стратег реши да остане во Леверкузен, а одлуката на тренерот ја следеа и најголемиот број од фудбалерите на овој тим вклучувајќи го и најдобриот, Флоријан Вирц.

Но, тоа може да се промени следното лето, наводно Реал Мадрид сака да ги види Алонсо и Вирц на Сантијаго Бернабеу.

Алонсо е поранешен играч на Реал Мадрид и најперспективниот млад тренер во моментов, па логично е тој да биде наследникот на Анчелоти.