Најголемиот киксер меѓу голманите му се врати на фудбалот (ФОТО)

Германскиот голман Лорис Кариус, кој е познат како најголем киксер, потпиша договор со второлигашот Шалке и ќе го носи дресот на тимот до крајот на сезоната.

Новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенбург објави дека Кариус ќе има мала плата, но тоа не му е проблем затоа што сакал да му се врати на фудбалот.

Кариус претходно бранеше во Њукасл до крајот на минатата сезона, а претходно го носеше дресот и на Мајнц, Бешикташ, Ливерпул и Унион Берлин.