Дончиќ се враќа за време на олстар-викендот

Далас маверикс покажа колку му недостига Лука Дончиќ на теренот, но конечно пристигнуваат добри вести од Тексас.

Дончиќ е надвор од составот, но според најновите информации би можел да се врати во акција за време на олстар-викендот, кој е закажан од 14 до 16 февруари.

Словенецот оваа сезона играше одлично пред повредата, односно во просек постигнуваше по 28,1 поен, 8,3 скокови и 7,8 асистенции по натпревар.