Антонио Каланоски се врати во Гостивар

Eкипата на Гостивар го засили својот напад со искусниот Антонио Каланоски.

Каланоски се враќа во редовите на Гостивар како слободен фудбалер откако во првиот дел го носеше дресот на Брера.Дресот на Гостивар претходно го носеше од 2022 до 2023 година.

Во првиот дел од сезоната за струмичкиот клуб собра 14 настапи. Во својата кариера настапуваше уште за: Силекс, Шкупи, Беласица, Победа, Струга, Борец, Царев Двор, Еуромилк, Металург, Напредок, Локомотива и Охрид.