„Бев најдобар голман заедно со Буфон, но дрогата ми ја уништи кариерата“

Поранешниот италијански голамн Ангело Пагото кој има 51 година во интервју за „Кориере дела Сера“ го раскажа својот животен пат во кој се сретнал и со дрогата која му ја уништила кариерата.

Пагото со Италија го освои Европското првенство до 21 година, а во текот на кариерата го чуваше голот на: Пистоисе, Сампдорија, Милан, Перуџа, Емполи, Реџиана, Триестина, Арезо, Торино, Гросето и Кротоне.

Во генерацијата со која Пегото стана европски шампион со Италија до 21 години беа имиња како: Тоти, Неста, Панучи, Канаваро и Буфон кој беше прв голман.

„Беше период во кој јас и Буфон бевме најдобри голмани во Италија. Неодамна му се јавив да му честитам на новата улога во репрезентација. Морав да му се заблагодарам бидејќи тој е единствениот поради кој го освоив Европското првенство“, се пошегува Пегото.

Во 2007 година непосредно пред натпреварот помеѓу Кротоне и Специја беше позитивен на кокаин.

„За мене кокаинот беше бегство од реалноста, посебно кога немав цели. Во тој момент бев во Кротоне, не играв многу и мојата кариера беше речиси готова. Запознав лоши луѓе и не можев да и кажам не на дрогата. Дрогата ме одвои од реалноста. Мислев дека така ќе ги решам моите проблеми, но не. Бев зависник три години и патев од депресија“, раскажа Пегото.

Денес води поинаков живот.

„Сега сум многу среќен човек. Имам жена која ја сакам покрај себе и се надевам дека ќе имам уште едно дете, иако со 51 година не сум веќе дете. Имам многу цели. Нема да бидам целосно исполнет додека не стигнам до нив“, раскажа Пагото.

На прашањето каде се гледа себеси во иднина Пагото одговори дека сака да отвори фудбалска школа за голмани.