По 16 години пауза продолжи изградбата на новиот стадион на Валенсија

По пауза од цели 16 години продолжува изградбата на новиот стадион на Валенсија.

Долго време работата на стадионот поради финансиите беше стопирана, а сега изградбата повторно ќе продолжи. Според најавите новата „Местаља“ би требало да се пушти во употреба во 2027 година.

Средствата за стадионот сега се обезбедени во пакетот за обнова на спортски објекти во Валенсија по направените штети од поплавите. Планот е новиот дом на Валенсија да биде со капацитет од 70.000 гледачи.