Арената во Вараждин обоена во жолто-црвено - Фалангата го дава максимумот на трибините (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација има огромна поддршка на вечерашната средба против Унгарија на стартот од СП во Вараждин, откако на трибините доминира жолто-црвената боја присутна во секаква форма на околу илјада членови на навивачката Фаланга.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаат силен ветер в грб, што и тоа како се чувствува на теренот со оглед на одличната игра во првото полувреме, кое заврши со резултат 14-14.