Лазаров: Горд сум на своите играчи, со Холандија ќе ни биде потешко!
Селекторот Кире Лазаров кажа дека се задоволни со бодот, иако на крајот пропуштиле готова победа.
„Мислам дека треба да бидеме задоволни, иако можам да кажам дека пропуштивме готова победа. Нашите играчи по тајм-аутот не знаеја да направат прекршок, неискуството на нашите играчи се покажа во последниот напад. Доколку направевме такво нешто, можеби ќе победевме во мечот. Ѝ благодарам на Фалангата која ни даде голема енергија. Можам да кажам дека Холандија е многу побрза репрезентација од Унгарија, има периоди кога не прават измени за време на натпреварите, па така очекувам потежок натпревар од овој“, кажа Лазаров.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија е закажан за петок од 18 часот.