Американската амбасадорка навиваше за Македонија во Вараждин (ФОТО)

Амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер, присуствуваше на првиот натпревар на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Таа го следеше драматичниот меч против Унгарија (27-27) од трибините на „Вараждин Арена“ во друштво на претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, и генералниот секретар, Филип Милошевски.

Македонија настапува во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Во воведниот дуел од групата, Холандија оствари убедлива победа над Гвинеја со 40-23.