За првпат во Премиер лигата - судијата на теренот не прифати ВАР одлука!
Имено, се играше 51. минута кога дефазивецот на Челси, Марк Кукуреља тргна во контра, но противничкиотт фудбалер Давид Брукс го запре со удар во вратот. Кукуреља падна на тревникот и сметаше дека Брукс треба да биде исклучен.
Така сметаше и судијата во ВАР собата кој му сугерираше на Роберт Џонс дека треба да го исклучи Брукс. По прегледувањето на снимката Џонс сепак одлучи дека Брукс за стартот не заслужува црвен картон и му додели само жолт картон.
На Островот истакнуваат дека ова е прва ситуација во Премиер лигата во која судијата на теренот одбил да прифати одлука на ВАР собата.
— No Context Chelsea (@NoContxtChelsea) January 14, 2025