Лазаревски: Одигравме за Јовиќ, тој нѐ чуваше!
Утринава македонската ракометна јавност ја потресе веста за смртта на Александар Јовиќ кој почина на само 51 година. Лазаревски откри дека и ракометарите биле погодени од оваа информација, големото реми денеска му го посветуваат на него.
„Овој резултат сакам да го посветам на прерано починатиот Александар Јовиќ, кој што не само на мене, туку и на голем дел од овие играчи кои што поминале низ школата не Металург и во младинските селекции на Македонија имале прилика да соработуваат со него. Навистина не погоди веста и можеби не чуваше и тој на денешниот натпревар, одигравме и за него“, рече Лазаревски по мечот.