Фудбалерите на Манчестер Сити почнале да се подготвуваат и за најцрното сценарио!

Се отвори предметот за прекршоците на Манчестер Сити кои се 115 на број, постапката почна, а најлошата казна за клубот е да биде исфрлен од Премиерлигата.

Агентите на фудбалерите на Манчестер Сити веќе почнале да ги разгледуваат опциите доколку клубот биде исфрлен од најдобрата англиска лига.

Тие веќе побарале од Сити да ги каже плановите што ако се случи најлошото можно сценарио.