Беса му врачи отказ на Таневски после убедлива победа

Беса соопшти дека Александар Таневски веќе не е тренер на првиот тим во овој клуб, отказот за него доаѓа по убедливата победа од 5-1 над Охрид во Купот на Македонија.

Причината за отказот се резултатите во домашното првенство, по пет одиграни кола Беса има освоено четири бодови, што веројатно не е соодветно на амбициите на клубот.

„Ја раскинавме соработката со тренерот Александар Таневски. Беса соопштува дека сопствениците на клубот мислат дека е потребен свеж воздух во нашиот клуб и од таа причина, со взаемна согласност со тренерот Таневски решивме да ја раскинеме соработката. Беса му се заблагодарува на тренерот Таневски за неговата работа и му посакува успех во иднина“, стои во соопштението.