Бурно е во Милан: Ибрахимовиќ одржал состанок со фудбалерите без Фонсека

Турбулетно е во Милан во изминатиот период, а тренерот Пауло Фонсека е пред отказ. Во медиумите се најавува дека натпреварот против Интер за викендот може да му биде последен на клупата на „росонерите“.

Од почетокот на сезоната Милан ја победи само Венеција и управата не е задоволна од она што го прикажуваат фудбалерите. Веќе и се шпекулира со можните наследици на португалскиот стратег, сепак против Интер, Фонсека ќе има можност да си ја спаси работата.

Но, колку е тензично во Милано најдобро покажува денешната ситуација за која се пишува на „чизмата“. Денешниот тренинг на Милан бил закажан од 11:00 часот, но

Ибрахимовиќ тогаш се појавил во тренинг-центарот и одржал состанок со фудбалерите без присуство на Фонсека.

Поради состанокот на Ибрахимовиќ, тренингот кој го закажал Фонсека доцнел половина час. Засега не е познато што се разговарало, меѓутоа се претпоставува дека Швеѓанецот барал мислење од фудбалерите за португалскиот стратег.