Билети за Ц. Звезда - Бенфика на црно се продаваат по - двојно пониска цена!

Вообичаено билетите на црно достигнуваат повисоки цени од редовните, но денеска во Белград е поинаку, „тапкароши“ пред стадионот „Рајко Митиќ“ ги продаваат влезниците за двојно пониска цена од редовната.

Според српските медиуми, денеска пред стадионот може да се најдат билети за исток и запад по цена од 3.500 динари. Можат да се слушнат „тапкароши“ како викаат: „Ајде карти испод цена“.

Редовната цена за овие трибини била од 6.000 до 7.000 динари.

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Црвена звезда и Бенфика почнува од 18:45 часот.