Звезда во тешка ситуација: Кокчу од слободен удар го матираше Глазер (ВИДЕО)

Црвена Звезда ќе има тешка задача да избегне пораз во натпреварот против Бенфика бидејќи српскиот гигант по половина час игра има негатива од 0-2.

Бенфика во водство дојде во 9. минута со голот на Актуркоглу, а на истекот на половина час игра Кокчу од слободен удар го матираше Глазер за 0:2. Шутираше фудбалерот на португалскиот тим на страната на голманот на Звезда кој не беше најдобро поставен, па топката заврши во зад неговиот грб.