Во Атлетико биле шокирани, мајката на Рабио им кажувала на која позиција треба да игра нејзиниот син!

Адриен Рабио ги завршува формалностите за комплетирање на трансферот во Марсеј, францускиот фудбалер целеше кон многу поголем клуб, но не успеа да најде ангажман.

Кариерата на Рабио ќе одеше во друг правец доколку имаше професионален агент, но неговата мајка ги води работите и прави катастрофални грешки во преговорите поради кои и пропаднаа неколку трансфери.

Рабио сакаше да игра во Премиерлигата, опција беше и друг клуб од Серија А, но преголемите барања на мајка му ги одвраќаа сите клубови.

Фудбалскиот агент Бруно Сатин јавно го кажа проблемот на Рабио кои сите го знаат, но откри дека мајката на фудбалерот водела преговори и со Атлетико Мадрид, а тие завршиле трагикомично.

„Ситуацијата на Рабио е резултат на тоа што е опкружен од неспособни луѓе. Тој е советуван од неговата мајка и ова е доказ што значи да имате агент покрај вас. Доколку тој беше советуван од професионалец, сега ќе играше во топ 10 клуб од Европа“, вели Бруно Сатин.

„Разговарав со спортскиот директор на Атлетико Мадрид на крајот од јули и тој ми рече, „Одржав две средби со неговата мајка и не ми се веруваше кога таа почна да ми објаснува каде нејзиниот син треба да игра, па веднаш ги прекинав преговорите“. Очигледно не може вака да се однесувате со луѓе кои долги години се во фудбалот“.