Перишиќ пред нов ангажман - ќе игра во ПСВ

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ се наоѓа на прагот на нов ангажман откако минатиот месец на драматичен начин го напушти Хајдук.

Искусниот крилен играч е во завршни преговори со шампионот на Холандија, ПСВ и огромни се шансите таму да ја продолжи својата играчка кариера. Преодниот рок во Европа е завршен, но Перишиќ е слободен играч и може да потпише кога сака и со кого сака, па ПСВ би ги искористил тој момент за да донесе квалитетно засилување.

Единствен проблем за фудбалерот е тоа што во есенскиот дел од сезоната нема да може да настапува во Лигата на шампионите бидејќи рокот за пријавување играчи помина.