Драма во Баерн: Мусиала ја одби понудата за нов договор, бара драстично зголемување на платата

Еден од најголемите германски таленти Јамал Мусиала предизвика потрес во Баерн откако ја одби понудата за нов договор со најтрофејниот клуб во земјата.

Според медиумите во Германија, причините за тоа се од финансиска природа бидејќи барал годишна плата од 18,5 милиони евра што е значајно зголемување од сегашните 8 милиони. Баерн не е подготвен да му понуди толку и ако нешто не се смени, ќе биде принуден да го продаде идното лето, на една година пред истекот на договорот.

За Мусиала уште сега има голем интерес, неговата ситуација ја следат Реал, Барселона и Манчестер Сити, а вредноста на Мусиала се проценува на 130 милиони евра.