Марсијал пред сензационален трансфер - во Грција
Медиумите кај нашиот јужен сосед тврдат дека тој постигнал устен договор со АЕК од Атина и деновиве треба формално да стави потпис. Кога ќе се случи тоа, Марсијал ќе стане фудбалер со највисока плата во историјата на клубот.
Летово Французинот го напушти Манчестер Јунајтед по девет години поминати во клубот од Олд Трафорд, но не успеа во текот на летото да најде нова средина каде ќе ја продолжи кариерата. Интерес за него имаше од француски и бразилски клубови, но не сакаше да прифати ниедна од понудите кои ги доби.