Роналдо го испофали Јамал: Гледам многу талент во него!

Кристијано Роналдо има пофалби за младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал кој игра фантастично и покрај тоа што има само 17 години.

Ламин Јамал руши рекорди, му се предвидува блескава иднина, а и неговата сегашност е бепрекорна. Таквото мислење го дели и Кристијано Роналдо.

„Гледам многу талент во Ламин Јамал. Се надевам дека нема да има никакви проблеми во иднина и мислам дека ќе биде еден од најдобрите во оваа генерација, тоа сигурно“, вели Роналдо.