Анчелоти може да здивне - двајца важни играчи се враќаат

Вечерва од 21 часот Реал го пречекува Штутгарт во првото коло од Лигата на шампионите, а тренерот на европскиот првак ќе има помалку главоболки околу составувањето на тимот.

Против бундеслигашот, Карло Анчелоти ќе ги има на располагање Џуд Белингам и Орелиен Чуамени кои неколку недели беа отсутни. Двајцата вчера тренираа и се на списокот за денешниот дуел со кој Реал Мадрид ќе ја почне одбраната на титулата во елитното натпреварување.

Листата на повредени, сепак, и натаму е бројна бидејќи на неа уште долго време ќе бидат Едуардо Камавинга, Брахим Дијаз, Дани Себаљос и Давид Алаба. Ниеден од нив не би требало да се врати во тимот пред крајот на овој месец, а за Дијаз прогнозите се дека ќе паузира до декември.