„Со Тен Хаг, Манчестер Јунајтед е милиони километри оддалечен од титулата“

По само четири одиграни кола од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед веќе има шест бода негатива во однос на својот градски ривал Сити и се наоѓа на десеттото место на табелата.

Ситуацијата не беше нешто поразлична и претходните сезони, па навивачите на „црвените ѓаволи“ веќе 11 години чекаат титула во Премиер лигата. Легендарниот напаѓач на овој клуб Двајт Јорк смета дека со Ерик Тен Хаг нема ни да ја дочекаат.

„Со Тен Хаг на клупата, Јунајтед е милиони километри оддалечен од титулата во Премиер лигата. По неговата прва сезона мислев дека тој е човекот што ќе го повлече тимот напред. Успеа да освои трофеј во ФА Купот, но кога ќе се погледне поголемата слика, Јунајтед нема перспектива. Тимот е без идентитет, процентот на постигнати голови е најлош од основањето на Премиер лигата и тоа се работи кои мораат да се истакнат“, вели Јорк.

Напаѓачот од Тринидад и Тобаго беше член на Јунајтед пред крајот на минатиот и почетокот на овој век и, меѓу другото, учествуваше во освојувањето на тројната круна во 1999 година.