
Јунајтед скапо ја плати победата во Саутемптон - се повредија тројца фудбалери
„Ѓаволите“ со 3-0 славеа на гостувањето во Саутемптон, но освен трите боде, овој меч на Ерик Тен Хаг му донесе и главоболки бидејќи се повредија тројца фудбалери. Предвреме во соблекувална заминаа Нусаир Мазрауи, Лисандро Мартинез и Матијс де Лихт и на нивните места влегоа Мегваер, Еванс и Касемиро.
Засега уште нема детални информации за нивната состојба, но ќе биде голем проблем ако мораат да отсуствуваат подолг период бидејќи пред Јунајтед се неколку незгодни натпревари на домашна и меѓународна сцена.