
Манчестер јунајтед веќе го скрои планот за 2025, сака да се засили на четири позиции
Манчестер јунајтед изминатово лето донесе пет нови имиња, на Олд Трафорд пристигнаа Џошуа Зиркзе, Лени Јоро, Матајс де Лихт, Нусаир Мазрауи и Мануел Угарте.
Но, реконструкцијата на тимот ќе продолжи и во следниот период, Јунајтед веќе крои планови за настап на трансфер пазарот во 2025.
Како што пренесува МЕН, ќе бидат донесени засилувања за четири позиции: лев бек, централен дефанзивец, фудбалер од средниот ред и крило.
Главна цел ќе биде Еберечи Езе од Кристал Палас, а ќе биде обновен и интересот за Џаред Брантвајт од Евертон.