
Градоначалникот на Мадрид револтиран од Винисиус: Веднаш да се извини!
Винисиус се соочува со расистички навреди на терените низ Шпанија поради што често бурно реагира, но Алмеида смета дека малку претерал во своите изјави.
„Тој ја доби поддршката од мнозинството Шпанци во својата борба против расизмот, но ние не сме на негова страна кога не нарекува расисти. Барам од него веднаш да се извини за свјата изјава. Тоа што е добар фудбалер, не значи дека смее да прави вакви грешки. Би требало да е воодушевен од тоа што живее во еден од најразноликите градови во светот бидејќи во Мадрид никој не го прашал од каде е, ниту го навредил“, рече Алмеида.
За волја на вистината, Винисиус во својата изјава рече дека е задоволен од животот во Мадрид и дека има замерки на однесувањето на дел од населението во Шпанија кое во неговиот случај е минорно.