Горан Петрески доби шанса да го предводи Вардар!

Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Петрески, денеска е промовиран како нов тренер на Вардар, каде што доаѓа на местото на Горазд Михаилов, кој си замина поради приватни обврски.

Станува збор за поранешен напаѓач на црвено-црните, кој за овој тим настапуваше во периодот од 1992 до 1996 година, а потоа и во сезоната 1999/2000. Играчката кариера ја заврши во корејскиот тим Поханг стилерс, а тренерската кариера ја почна во тимот на Работнички, прво како асистент, а потоа и како прв стратег.

„Петрески ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата“, велат од ФК Вардар.

Популарниот Чунга Лунга дебито на вардаровата клупа ќе го има следниот викенд, кога најтрофејниот македонски тим ќе му гостува на градскиот ривал Шкупи.