Комо потпиша договор со уште еден ветеран - Алберто Морено!
Комо вчера потпиша договор со 41-годишниот голман Пеп Реина, а сега го ангажира и 32-годишниот Алберто Морено.
„Среќен сум што доаѓам во Комо. Серија А е една од најсилните лиги во светот и во неа играат голем број врвни играчи“, кажа Морено.
Комо претходно се засили со Андреа Белоти од Рома, а наскоро се очекува да го промовира и Рафаел Варан.