Полицијата влета на теренот за да ги смири страстите помеѓу вардарци и гостиварци! (ВИДЕО)

Во натпреварот помеѓу Гостивар и Вардар кој заврши без победник во Маџари (1-1) се случи и еден инцидент веднаш по самиот крај на пресметката.

Во една ситуација откако вардарци ја исфрлија топката во аут поради грч на еден од фудбалерите, гостиварци не ја вратија топката, туку го изведоа аутот сакајќи да го загрозат голот на гостите.

На ова жестоко реагираа вардарци, се случи голема турканица на теренот, па мораше да влезе и полицијата за да спречи поголем инцидент.