Спарта Прага го совлада Салцбург, реми на Болоња и Шахтер

Фудбалерите на Спарта Прага одиграа одличен меч против Салцбург и триумфираа со 3-0, додека Болоња и Шахтер ремизираа без погодоци (0-0) во првото коло на Лигата на шампиони (ЛШ).

По само две минути игра, Каиринен донесе водство за Спарта Прага, додека во 42. минута погоди Олатунџи за предност од 2-0.

Салцбург не ги искористи своите шанси, па казна стигна и во 58. минута кога Лачи стрелаше за конечни 3-0.

Болоња доминираше во дуелот против Шахтер, меѓутоа мрежите мируваа, иако гостите имаа шанса од пенал во четвртата минута први да стигнат во водство.

Судаков не го релизираше ударот од белата точка, по што Болоња ја презема контролата, но не успеа да постигне гол до последниот судиски свиреж.