„Мекгрегор почесто е во ноќни клубови, отколку на тренинг, нема да се врати во рингот“

Конор Мекгрегор ја имаше последната борба пред повеќе од три години, кога ја скрши ногата против Дастин Порие.

Мекгрегор оттогаш е во центар на внимание поради скандалозни потези, по што се шпекулираше дека ќе се врати во рингот, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Ирецот прифати борба против Мејкл Чендлер, па се повлече, а за тоа свој коментар имаше и Ислам Махачев.

„Мекгрегор нема да се врати во рингот. Почесто е во ноќни клубови отколку на тренинг“, кажа Махачев.