Фудбалер на Дерби го има најголемото промашување во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Екипата на Дерби каунти ги освои трите бода во вчерашната пресметка против Кардиф сити (1-0) во меч кој ќе се памети долго, но не поради резултатот туку поради епското промашување на еден од домашните фудбалери.

Гамбиецот Ебу Адамс ќе има кошмари до крајот на животот поради пропуштената шанса да ја затресе противничката мрежа од ситуација во која и мало дете би погодило. Тој во налет во еден контранапад го мина дури и противничкиот голман на центарот од теренот и потоа продолжи кон голот на Кардиф кој беше небранет. Но, на изненадување на сите, реши да шутира веднаш чим влезе во шеснаесетникот и успеа да ја промаши небранетата мрежа.

Неговото промашување дефинитивно би можело да влезе како едно од најголемите во историјата на овој спорт.