Њукасл со два гола во пет минути до пресврт за победа против Вулвс (ВИДЕО)

Со два прекрасни гола во последните 15 минути Њукасл славеше победа против Вулвс во рамките од четвртото коло во Премиер лигата.

Домаќините први стигнаа до предност откако Жоао Гомеш ја одзема топката на Лонгстаф, повлече контра која одеше преку Ларсен и на крај ја испрати во казнетиот простор каде шт Гомеш ја препушти до Лемина кој погоди за 1:0.

Во второто полувреме гостите заиграа подобро и стигнаа до израмнување.

Се играше 75. минута кога Фабијан Шер од 25 метри шутираше и погоди за израмнување. Само пет минути видовме уште еден прекрасен гол сега дело на Харви Барнс.

По четири одиграни кола Њукасл има десет бода и така на одличен начин ја започна сезоната за разлика од Вулвси кои имаат само еден освоен бод.