Бруно Фернандеш до Гарначо: Ти си навистина глупав (ФОТО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Саутемптон на гости во рамките од четвротото коло од англиската Премиер лигата.

Резултатот беше 0-3, а во листата на стрелци се запишаа Де Лихт, Рашфорд и Гарначо.

Гарначо во игра влезе во второто полувреме и погоди во судиското продолжение. По погодокот тој го прослави голот така што го ископира Кристијано Роналдо седнувајќи на рекламата со прекрстени раце.

Оваа негова прослава немаше да предизвика толку внаимание ако Аргентинецот пред само неколку дена не „лајкнеше“ пост во кој Португалецот го критикува Тен Хаг.

На објавената фотографија од прославата на социјалните мрежи на Гарначо му коментираше и неговиот соиграч, Бруно Фернандеш.

„Ти си навистина глупав“, напиша Фернандеш.