Две асистенции и гол на Лукаку во победата на Наполи (ВИДЕО)

Екипата на Наполи во четвртото коло од сезоната стигна до третата победа откако вечерва го совлада Каљари на гостински терен со 0-4.

Резултатот беше отворен во 18. минута кога мрежата на домаќините ја погоди Ди Лоренцо на асистенција на Ромелу Лаукаку кој беше и играч на мечот.

Победата на избраниците на Антонио Конте беше потврдена во второто полувреме кога Лукаку додаде уште една асистенција сега за Кварцхелија во 66. минута, а само четири минути подоцна и самиот се запиша во листата на стрелци за убедливи 0-4.За конечните 0-4 се погрижи Бонџорно во самата завршница од натпреварот.

Наполи со овие три бода дојде до бројката од девет и е лидер на табелата, а во следното коло ги очекува гостување кај Јувентус.