Српски џудист суспендиран на пет месеци зашто се прекрстил за време на ЛОИ во Париз!
Причина за казната е тоа што се прекрстил пред да влезе на мечот, што било оценето како прекршување на правилата.
„Неодамна добив решение дека сум суспендиран на пет месеци од Светската џудо федерација (ИЏФ) поради прекршување на нивните религиозни кодекси. Поточно, поради тоа што сум се прекрстил при влез во натпревар на Олимписките игри. Добив забрана за учество на сите турнири, кампови и подготовки. Во одговорот на дисциплинската постапка не сакав да се извинувам за прекрстувањето. Господ ми даде се и лично и за мојата кариера, а тој е број 1 за мене и горд сум на тоа. И тоа нема да се промени под никакви околности“, напиша меѓу другото српскиот олимпиец.
Мајдов е поранешен европски и светски шампион во категоријата до 90 килограми.