Партизан бил оштетен во вечното дерби против Ц. Звезда во АБА!

Судиската комисија на регионалната АБА-лига соопшти дека арбитрите на вечното дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан двапати ги оштетиле „црно-белите“ во завршницата од натпреварот.

Црвена Звезда победи со 89-84 во дербито против вечниот ривал, а АБА објави дека на 59 секунди пред крајот на мечот, судиите згрешиле кога досудиле дека кошаркарот на Партизан, Стерлинг Браун не извел аут за дозволените пет секунди.

Судиите направиле грешка и кога не му досудиле чекори на кошаркарот на Ц. Звезда, Џоел Боломбој на 45 секунди пред крајот на натпреварот.

По натпреварот реагираше и стратегот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ кој јавно ги критикуваше организацијата и судењето во регионалното кошаркарско натпреварување.