Украинецот Хориха уште една сезона во Вардар!
Левиот бек е првиот кој го потврди останувањето во Вардар на уште една сезона по добрите настапи во првиот дел од актуелната.
„Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да помогнат, и на ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет. Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина“, изјави Андрија Нунев, оперативниот директор на РК Вардар 1961.