Шортс е најдобар играч во Евролигата на половина од сезоната

Во петокот беше комплетиран првиот дел од сезоната во Евролигата, а по 19 одиграни кола, најдобар индекс има македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.

Францускиот вицешампион Париз има еден меч помалку, одложениот против Фенербахче од минатата недела и тој може да предизвика промени во редоследот. Сепак, со оглед на тоа што не се знае кога ќе се одигра тој натпревар, до моментов Шортс е најдобар со индекс 23,6, пред Никола Миротиќ со 23,5 и Тео Маледон со 23,4.

Шортс е и третопласиран на листата на стрелците со 19,3 поени по натпревар, зад Кендрин Нан кој има просек од 20,2 и Карсен Едвардс од 20,7.