Успешно опериран Жозе Мурињо

Трофејниот португалски стручњак Жозе Мурињо успешно е опериран денеска во неговата татковина, соопштија тамошните медиуми.

На тренерот на Фенербахче му беше извршен хируршки зафат на жолчната ќеса по што тој се обрати на својот Инстаграм профил.

„Им посакувам на сите среќни празнички денови. Нека ова време биде исполнето со љубов и среќа за вас и вашите семејства. За оние од вас кои изразија загриженост, можам да потврдам дека извештаите а мојата операција во голема мера се преувеличени. Тоа беше само мала и брза интервенција и јас ќе продолжам со тренинзите веќе првиот ден по паузата. Не сум пропуштил ниеден тренинг 25 години и немам намера тоа да го сторам ни сега“, објави Мурињо.

Тој го презеде Фенербахче минатото лето, а на зимската пауза отиде како второпласиран, со осум бода помалку од лидерот Галатасарај.