Уникат во светот: Во семејството на славниот Сидорф 11 членови станале фудбалери (ФОТО)
Сидорф од професионалното играње фудбал се повлече во 2014 година и ќе остане запаметен како единствниот фудбалер кој ја освои Лигата на шампионите со три различни клуба. Екс-холандскиот репрезентативец успеа тоа да го направи со Реал Мадрид, Ајакс и Милан.
Откако ја заврши кариерата како фудбалер, Сидорф работеше и како тренер, додека денеска е член на Фудбалскиот сојуз на Холандија во улога на супервизор.
Сега вниманието на неговото семејство беше повторно насочено откако неговиот 17-годишен син Дензел Виан Сидорф на 17 години се приклучи на сениорскиот состав на Милан. Дензел игра и на истатата позиција како својот татко, централен фудбалер за врска.
Неговиот повик во сениорскиот тим на Милан беше и причина да се објави дека дури 11 членови од семејството на Сидорф биле или во овој момент се професионални фудбалери.