Ѓорческа ја совлада Лепченко по маратонски меч во Рим
Ѓорческа имаше лош почеток на мечот бидејќи го загуби првиот гем на свој сервис и потоа Лепченко поведе со 3-0, меѓутоа македонската тенисерка се созема и со два брејка до крајот на сетот стигна до 6-4.
Вториот сет имаше идентичен почеток како првиот, но Ѓорческа во завршницата имаше три меч-топки кои не ги искористи, а Лепченко возврати и го доби сетот со 7-5.
Жестоката борба продолжи и во третиот сет каде што беа забележани дури девет брејка, при што пет оствари македонската тенисерка која славеше со 7-5.
Македонската тенисерка во полуфинале ќе игра против победничката од дуелот меѓу Петра Марчинко и Гиомар Маристани Зулета Де Реалес.